Лидерот на ОМО Илинден: Не сум Бугарин. Македонија е поделена и еден ден ќе се обедини

Лидерот на ОМО Илинден Пирин, македонското здружение кое соседна Бугарија упорно одбива да го признае, се јави со контроверзна изјава преку својот Facebook профил.

Атанас Кирјаков, родум од Благоевград, напиша прилично контроверзна изјава на Facebook која веројатно ќе биде искористена како причина за Бугарија и натаму да продолжува со одбивањето за регистрација на неговото здружение ОМО Илинден Пирин.

„Јас сум роден тука во Пиринска Македонија, на македонска земја, под македонско небо и сум Македонец, не сум Бугарин. Мојата татковина е Македонија, а не Бугарија, Србија или Грција. Мојата татковина Македонија беше расцепката во 1913 година на три дела: Егејски дел, Вардарски дел и Пирински дел“, пишува за тој за потоа да го додаде и контроверзниот дел.

„Мојата татковина е Македонија еден ден ќе се обедини и ќе биде слободна и независна држава“, завршува Кирјаков пишувајќи на бугарски јазик. Едно од барањата на Бугарија до македонската Влада е писмено да гарантира нашата држава дека нема територијални претензии. Но, и да се откаже од македонското малцинство на кое очигледно и тоа како му е потребна помош во борбата за признавање на основните права.

Аз съм роден тук в Пиринска Македония , на македонска земя , под македонско небе , и съм македонец , не съм българин....

Posted by Атанас Киряков on Tuesday, December 15, 2020

Голем е гневот кај етничките Македонци во Бугарија кои и денес во 21. век во членка на Европската Унија ги немаат ни најосновните права. Не се знае ни колку точно Македонци живеат кај нашиот источен сосед, а претпоставките се од 300 до 500 илјади од кои најголемиот дел во Пиринска Македонија, но ги има и во бугарската престолнина.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе