Лидерската средба неизвесна

Скопје, 19 јули 2019 (МИА) – Неизвесно е одржувањето на лидерската средба, која премерот Зоран Заев ја закажа за денеска и на која тој номинираше три главни теми – законот за јавното обвинителство, пописот и измените на Изборниот законик, со можност на отворање нови.

Засега нема официјална информација дека лидерската е откажана, како што објавија дел од медиумите. Од партиските штабови за МИА велат дека ако има какви било промени тоа треба да го соопшти премиерот.

Поканата за лидерска ја прифатија претседателите на ДУИ и на Алијансата за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остана на ставот дека нема да присустува.

Вчера од партијата на Мицкоски го повторија ставот дека тој нема да оди на лидерската. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека ако воопшто се одржи лидерска средба на која ќе присуствува Мицкоски, тогаш таа ќе биде исклучиво за предвремени парламентарни избори.

И самиот Мицкоски вчера во интервју за „Експрес“ повтори дека лидерската што ја свика Заев е непотребна.

-Зоран Заев е најголема закана за европската перспектива на земјата и навистина не ја гледам потребата да бидам дел од неговиот декор на лидерски средби во услови кога тој не е подготвен да зборува за предвремени парламентарни избори и кога веќе имаме работни групи за попис и за реформи во обвинителството, кои и така одржуваат контакти и средби, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, велат дека Мицкоски бега од лидерската, од реформи и од јавноста. Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вчера по завршувањето на седницата на Централниот одбор на партијата за тоа како ќе постапат доколку  Мицкоски не дојде на средба и како ќе обезбедат двотретинско мнозинство за законот за Јавното обвинителство порача да се почека утрешниот ден да се види исходот.

-Да го почекаме утрешниот ден, да видиме дали тоа ќе се случи, да не дојде. Секако оваа држава има одговорност да бара инструменти да функционираат интитуциите и законите, секој поединец има политичка одоговорност, уште повеќе пратениците имаат обврска во рамки на овој систем да обезбедат поддршка на правдата и на функционирање на институциите во тој поглед, рече вчера Николовски.

Заев, пак, во интервју за МИА нагласи дека постои простор за ставање на маса и на други теми предложени од политичките партии. ДУИ најави дека една од нив ќе биде ветингот. А за одбивањето на Мицкоски да присуствува нагласи дека е контрадикторно некој да говори дека се бори за правда и владеењето на правото, а да се одбива учество на лидерската.

-Да не гледаш причини зошто да дојдеш на лидерска средба каде што ќе се зборува за ЈО, а зборуваш за владеење на правото, борба против криминалот и корупцијата, го кажува сосема спротивното. Тој не е за владеење на правото и за борба против криминалот и корупцијата. Ние докажуваме неприкосновеност во самостојноста на независните органи како што е ЈО и правосудството. Тоа се случува, тоа е наше секојдневие. Не гледам зошто тој не би гледал причина конечно да организираме попис во нашата земја заради тоа што неговата политичка партија додека беше на власт ја направи нашата земја да биде една од ретките заедно со Сомалија и незнам кои, да нема попис, рече Заев во интервјуто за МИА.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе