УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/2023

Лига на нации: Македонските фудбалери поразени на гостувањето во Грузија 

Македонската фудбалска репрезентација ги загуби шансите за промоција во повисок ранг во Лигата на нации и место во баражот за пласман на ЕУРО 2024, откако вечерва претрпе пораз на гостински терен од Грузија во Тбилиси со 2:0 (1:0) во рамки на претпоследното коло во групата 4.

Грузија извојува победа искористувајќи ги максимално грешките во македонската одбрана, иако избраниците на селекторот Благоја Милевски во голем дел од натпреварот одиграа квалитетно и го диктираа темпото на играта.

Домаќините поведоа со автоголот на Бојан Миовски во 35. минута, а конечниот резултат го постави Хвича Кварацхелиа во 64. минута по кардинална грешка на дефанзивецот Дарко Велковски.

Македонските фудбалери доминираа на теренот до водечкиот гол на Грузија, а откако и во воведните 20-ина минути од вториот дел повторно не реализираа голем број шанси уследи втората казна од домаќините и втор пораз во ова издание на Лигата на нации од вечерашниот противник.

На едно коло пред крајот на натпреварувањето, Грузија го обезбеди првото место во групата во Лига Ц со 13 бодови, пред репрезентацијата на Македонија која остана второпласирана со 7 бодови.

Противник на македонскиот состав во последното коло ќе биде Бугарија в понеделник во Скопје.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе