Идината пристигнува со автономија од 725 километри

Lightyear One е футуристички прототип кој работи на сончева енергија

Компанијата Lightyear го откри својот прв прототип наречен Lightyear One – возило кое е покриено со соларни панели, кои ја напојуваат неговата електрична батерија. Оваа автомобилска компанија беше основана во 2016 година од страна на поранешни членови на Solar Team Eindhoven.

Планот на компанијата предвидува дека Lightyear One ќе почне да се испорачува до купувачите во 2021 година, а во блиска иднина тимот ќе работи на подобрување и усовршување на овој прототип.

Иако компанијата тврди дека автомобилот поседува батерија која му овозможува автономија до 725 километри, сепак најпривлечната карактеристика на Lightyear One се соларните панели кои се поставени на покривот и хаубата, кои ја полнат батеријата со дополнителни 12 километри автономија на секој еден час на сонце. Lightyear вели дека соларните ќелии се 20% поефикасни од традиционалните модели и тие се обложени со заштитно стакло, како би се избегнало нивно оштетување.

Оние 12 километри полнење не се нешто спектакуларно, но веројатно е подобро ако го замислите Lightyear One како електричен автомобил со 725 километри автономија, кој по некоја случајност има соларни панели вградени во неговата конструкција. Во секој случај, овој автомобил ги подига стандардите во индустријата, посебно кога се работи за иновативноста во поглед на електричните батерии.

Со оглед на тоа што не може секогаш да начекате сончево време, Lightyear One доаѓа со можност за традиционално полнење со струја, овозможено од брз полнач од 60kW, преку кој може да „впие“ електрична енергија доволна за автономија од 507 километри. Моделот има вкупно четири електрични мотори, кои му овозможуваат да забрза од 0 до 100 км/ч за 10 секунди.

Првите 500 возила веќе можат да се нарачаат преку компанијата Lightyear, со цена на резервација од 135.000 долари. Кога ќе влезе во сериско производство, автомобилот ќе има цена од 170.000 долари, а аналитичарите предвидуваат дека продажбата ќе има бавен старт, но се очекува One да биде добро прифатен на пазарот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе