КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Лихтенштајн и сме го торпедирале, но и нѐ шокирал во 90-та

Филип Здравески
/ 08.10.2021 / 16:39

Со вечерашниот противник на македонската фудбалска репрезентација имаме богата историја на меѓусебни дуели, историја која и нѐ предупредува дека сѐ е можно.

Вечер во 20:45 часот на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц во рамките на 7. коло од квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар силите ќе ги одмерат Лихтенштајн и Македонија. Тоа ќе биде 11-ти натпревар во историјата на овие две репрезентации, а иако статистиката е и тоа како на наша страна, сепак еден натпревар нѐ предупредува дека топката е тркалезна и сите можат да ја тркалаат.

Прв пат со Лихтенштајн се сретнавме на 24 април 1996 година во квалификациите за Мундијалот 1998 во Франција кога во Скопје славевме со 3:0. Истата година, но на 9 ноември, Македонија гостуваше кај оваа мала аплска држава и ја забележа најголемата победа во својата историја.

Тоа аплско пладне во гратчето Ешен македонските фудбалери беа немилосрдни, победувајќи со дури 11:1, резултат кој го обиколи светот, па со денови се зборуваше за големата победа на Македонија, победа која во тоа време беше меѓу највисоките во историјата на репрезентативниот фудбал.

Дејви Главевски прослави хет-трик, по два гола постигнаа Митко Стојковски, Тони Мицевски и Саша Ќириќ, а по еден Ѓорѓи Христов и Ванчо Мицевски. За домаќините почесен гол постигна Франц Шедлер во 78. минута при резултат од 9:0.

Remote video URL

Наредниот натпревар, исто така во Лихтенштајн, но овој пат во главниот град Вадуц на истиот стадион каде ќе се игра и вечер, се покажа како тотална спротивност. Македонија поведе уште во 8. минута преку Ѓорѓи Христов и сите помислија дека ќе следува нова голеада. Но, голеада не само што немаше, туку Лихтенштајн успеа дури и да израмни и тоа во третата минута од судиското надополнување преку Михаел Штоклаза, гол постигнат од слободен удар кој приреди студен туш за македонските фудбалери и огромно разочарување кај целокупната јавност. Овој резултат е еден од најсрамните во историјата на македонскиот фудбал.

Remote video URL

Во сите останати натпревари Македонија секогаш победувала, па така меѓусебниот скор вели 9 наши победи, 1 нерешена и 0 победи за Лихтенштајн. Вкупната гол-разлика е 38 постигнати голови за Македонија наспроти 5 за Лихтенштајн. Интрересно, само еднаш сме одиграле пријателски натпревар, а сите други се квалификации за ЕУРО или Мундијал.

Сите натпревари помеѓу Македонија и Лихтенштајн:

  1. 24.04.1996 Македонија - Лихтенштајн 3:0 (квал. СП 1998)
  2. 09.11.1996 Лихтенштајн - Македонија 1:11 (квал. СП 1998)
  3. 08.09.2002 Лихтенштајн - Македонија 1:1 (квал. ЕУРО 2004)
  4. 07.06.2003 Македонија - Лихтенштајн 3:1 (квал. ЕУРО 2004)
  5. 12.11.2005 Лихтенштајн - Македонија 1:2 (пријателска)
  6. 24.03.2017 Лихтенштајн - Македонија 0:3 (квал. СП 2018)
  7. 09.10.2017 Македонија - Лихтенштајн 4:0 (квал. СП 2018)
  8. 13.10.2018 Македонија - Лихтенштајн 4:1 (ЛН 18/19)
  9. 16.11.2018 Лихтенштајн - Македонија 0:2 (ЛН 18/19)
  10. 28.03.2021 Македонија - Лихтенштајн 5:0 (квал. СП 2022)
  11. 08.10.2021 Лихтенштајн - Македонија вечер 20:45 (квал. СП 2022)
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more
 

Спорт

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе