НБА 2019/2020

Лилард фати ритам- постигна 51 поен против Јута

Демијан Лилард продолжи со неверојатните игри во последно време – синоќа постигна 51 поен за победата на Портланд над Јута со 124:107.

Бекот е во неверојатна форма и има просек од 48,8 поени на последните 6 натпревари за „пионерите“. Тој додаде 12 асистенции за четвртиот последователен успех на неговиот тим.

Лилард постигна 9 тројки, реализирајќи најмалку 6 удари од далечина во шестиот последователен натпревар и повторно беше незапирлив за одбраната на противникот.

„Никогаш досега не сум фатил вака ритам“, изјави Лилард по натпреварот.

Јута поведе со 32:21 во првата четвртина, но до крајот на периодот водството беше скоро избришано пред домаќините да поведат во второто полувреме, а во третата четвртина, резултатот на семафорот гласеше 91:73.

На стартот од последниот период, гостите се доближија до 88-94, но 7 последователни поени на Портланд им ја врати контролата, по што „џезирите“ не направија нов обид за враќање на неизвесноста и екипата доживеа четврти пораз во низа.

Трејлблејзерс ја продолжуваат борбата за 8-то место во конференцијата, со биланс 23-27, но сепак заостануваат зад Мемфис (24-25). Јута со 32-17 и на 4-то место на Западот.

Други резултати:

Л.А. Клиперс – Минесота 118: 106

Индијана – Њујорк 85:92

Орландо – Мајами 89: 102

Вашингтон – Бруклин 113: 107

Кливленд – Голден Стејт 112 : 131

Далас – Атланта 123: 100

Бостон – Филаделфија 116: 95

Сан Антонио – Шарлот 114: 90

Сакраменто – Л.А. Лејкерс 113: 129.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе