Македонија

Лиле Стефанова останува обвинител на „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“

23. септември 2019 - 13:36 | МИА

Скопје, 23 септември 2019 (МИА) – Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Лиле Стефанова и понатаму останува надлежна за предметите што ги водеше СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“.

Пред Стефанова, уште петмина поранешни обвинители во СЈО добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска, пак, ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“.

Коментирај