Македонија

Лиле Стефанова: Сè што знам споделив со надлежниот обвинител

13. август 2019 - 16:07 | Кајгана/МИА

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал, изјави дека со надлежниот обвинител споделила сè што ѝ е познато за случаите „Империја“ и „Рекет“.

„Сè што можев да споделам со јавноста, јас го споделив. Денес дојдов овде во својство на сведок. Од 9 часот па до сега, отприлика 5 часа, дадов исказ како сведок и сè што ми е познато за овој случај. Имајќи го во предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да кажам нешто повеќе. Сè што имав да кажам споделив со надлежниот обвинител“, изјави обвинителката Лиле Стефанова.

Таа одлучи да не одговара на новинарски прашања.

Коментирај