Авто новости

Лимузината на Путин ги помина краш-тестовите

19. април 2018 - 14:58 | А.С.

Новата луксузна руска државна лимузина помина низа краш-тестови и наскоро ќе биде подготвена за својот најважен патник.

Иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин на пазарот да се понуди линија домашни луксузни лимузини и теренци под името „Кортеж“, се наближува до конечна реализација.

Идејата е претседателот да има има свое посебно возило, но истовремено и да се развива линија за другите високи државни функционери, вклучувајќи и специјализирани возила, мини комбиња и СУВ автомобили.

Дел од производството на овие возила ќе биде достапен и на слободниот пазар.

Иницијативата беше обелоденета пред неколку години, а во меѓувреме се појавија фотографии и видеа од прототипот за луксузната претседателска лимузина што воопшто не изгледа „руски“.

По бројните тестови, „Кортеж“ кон крајот на годината ќе биде подготвена за сериско производство, потврди рускиот министер за индутрија и трговија Денис Мантуров.

Тој за руски „Известија“ рече дека лимузината на Путин поминала низа краш-тестови и дека реултатите се позитивни.

„Автомобилот наскоро ќе биде подготвен за јавна презентација“, додаде Мантуров.

Точниот датум за промоција не беше откриен, но се претпоставуав дека би можело да биде на 7 мај, на претседателската инаугурација на Путин.

Мантуров рече дека се надева оти рускиот претседател наскоро ќе почне да ја користи неговата нова лимузина.

Коментирај