Францускиот гигант Лион се наоѓа во многу тешка ситуација. На една недела пред крајот на летниот преоден рок, речиси сите играчи на Лион се ставени на трансфер листата. Клубот за да го испочитува финансискиот фер-плеј има рок уште една едела да собере 100 милиони евра.
Весникот L'Équipe објави дека клубот на сите фудбалери им испратил порака дека сите се на продажба и дека ќе бидат продадени доколку некој им понуди сума која ги задоволува нивните апетити.
Намерата на раководството на Лион е да инкасира 100 милиони евра крајот на летото, односно потребни им се уште 75 милиони евра за да биде сѐ во ред со нивното книговодство.
Прашање е само зошто во досегашниот тек од преодниот рок на засилувања потрошија 34 милиони евра, од кои 34 отидоа на трансферот на Муса Ниакате од Нотингем Форест.