Листа на најдобрите плажи во Европа за 2024 година

Рангирањето објавено на страницата European Best Destinations ги наведува најдобрите плажи на Стариот континент за 2024 година, а на прво место е идилична дестинација во Малта.

Плажите со златен песок на Алгарве и Канарските Острови, дивите плажи во Грција, речните плажи совршени за семејства, за спортови на вода или уживање - сето тоа е вклучено во листата на страницата European Best Destinations.

„Почестете се со одмор во овие засолништа од чиста природа кои нудат плажи од соништата и можност да се исклучите од светот и повторно да се поврзете со себе. Време е да се ослободите“, наведува оваа страница.

Ова рангирање ги обединува најпопуларните плажи, изгласани од патниците ширум светот.

На прво место е заливот Гхајн Туфиеха во Малта, кој се наоѓа во близина на крајбрежниот град Мелиеха, кој беше награден од Европската комисија за неговата посветеност на одржливиот туризам. Заливот Гхајн Туфиеха, со своите прекрасни карпи и песочна плажа, е совршен избор за вашиот одмор.

Оваа плажа нуди високи стандарди на чистота и услуга со ресторани и снек бар. Достапни се и лежалки и водени активности.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Adam (@adamrunningmachine)

Плажата Монте Клеригу во Алжезур, Португалија е на второто место. Со својот познат замок, кулинарската традиција, но и зачуваната природа и плажите што го одземаат здивот, како што се Амурејра, Бурдејра, Одесејше, Арифана, Монте Клеригу - Алжезур е фантастична дестинација за избор ова лето.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Annapaola Magni (@annamaola)

Плажата Олудениз во Турција е на трето место, а ја краси ситен песок и неверојатни сини нијанси на морето.

На овогодинешната листа е и Ксамил во Албанија, за кој велат дека чистата вода што ги опкружува овие острови ги прави недопрените плажи во околината уште попосебни.

Листата на топ 15 најдобрите европски плажи за 2024 година гласи:

1. Гхајн Туфиеха, Малта
2. Монте Клеригу, Португалија
3. Олудениз, Турција
4. Канали ту Ерота, Крф, Грција
5. Порто Тимони, Крф, Грција
6. Лас Тереситас, Канарски Острови, Шпанија
7. Одесејше, Португалија
8. Заливот Агиос Павлос, Родос, Грција
9. Ас Катедрајс, Галиција, Шпанија
10. Калпе, Валенсија, Шпанија
11. Порто Кацики, Лефкада, Грција
12. Шалара, Апулија, Италија
13. Градо, Фриули-Венеција Џулија, Италија
14. Ксамил, Албанија
15. Ваи, Крит, Грција
реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Живот

Карактеристики на родителите кои се блиски со своите возрасни деца

Read more

Велигденски украси: Како да направите зајаче од хартија?

Read more

Карактеристики на родителите кои воспитуваат агресивни и посесивни деца

Read more

Децата кои сакаат видеоигри е поверојатно да бидат поуспешни

Read more
 

Магазин

Карактеристики на родителите кои се блиски со своите возрасни деца

Читај повеќе

Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?

Читај повеќе

Храна што бремените жени треба да ја јадат секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Како се разликуваат симптомите на срцев удар кај жените?

Читај повеќе

Како да подготвите сочни ќофтиња кои нема да се распаднат при пржење?

Читај повеќе

Како бројот на часови сон влијае на вашето тело и мозок?

Читај повеќе

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски украси: Како да направите зајаче од хартија?

Читај повеќе