Фудбал

Листата за најдобар африкански фудбалер скратена на 10 имиња

4. декември 2019 - 14:31 | Ф.З.

Салах, Мане и Обамејанг и оваа година се борат за наградата која веќе две години по ред завршува кај Египќанецот.

Африканската фудбалска конфедерација денеска ја обелодени скратената листа за избор на африкснки фудбалер на годината која сега содржи десет имиња.

Изнинатите две години гласањето даваше ист резултат: Салах прв, Мане втор, а трет Обамејанг. Најконстантен меѓу првите тројца е Обамејанг кој изминативе пет години секогаш е прв, втор или трет.

Оваа година се очекува промена на топ три бидејќи иако Салах и Мане и овој пат се главни фаворити, Обамејанг не е. Се очекува некој Алжирец да се вклучи во борбата со оглед на тоа што Алжир стана африкански првак. Тука се и африканците од Ајакс кој имаа одлична година.

Ова се десетте финалисти:
Андре Онана (Камерун / Ајакс)
Хаким Зијеш (Мароко / Ајакс)
Исмаел Бенасер (Алжир / Емполи и Милан)
Калиду Кулибали (Сенегал / Наполи)
Мохамед Салах (Египет / Ливерпул)
Одион Игало (Нигерија / Шанхаи Шенхуа)
Пјер-Емерик Обамејанг (Габон / Арсенал)
Ријад Махрез (Алжир / Манчестер Сити)
Садио Мане (Сенегал / Ливерпул)
Јусеф Белаили (Алжир / Есперанс и Ал-Ахли)

Победникот ќе биде прогласен на свечена церемонија на 7 јануари 2020 во Хургада, Египет. Во гласањето ќе учествуваат селекторите и капитените на сите африкански репрезентации.

Победници во последните 10 години:
2018 Мохамед Салах (Египет / Ливерпул)
2017 Мохамед Салах (Египет / Ливерпул)
2016 Ријад Махрез (Алжир / Лестер)
2015 Пјер-Емерик Обамејанг (Габон / Борусија Д.)
2014 Јаја Туре (Брег на Слонова Коска / Манчестер Сити)
2013 Јаја Туре (Брег на Слонова Коска / Манчестер Сити)
2012 Јаја Туре (Брег на Слонова Коска / Манчестер Сити)
2011 Јаја Туре (Брег на Слонова Коска / Манчестер Сити)
2010 Самуел Ето (Камерун / Интер)
2009 Дидје Дрогба (Брег на Слонова Коска / Челси)

Коментирај