Ливерпул не е на продажба, ниту за 2 милијарди фунти

Шеикот Калед Бин Зајед Ал Нејахан, кој е братучед на сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, денеска понуди сума од 2 милијарди фунти со која сака да го купи англискиот клуб Ливерпул.

Раководството на Ливерпул ја одби оваа понуда и му порача на шеикот Ал Нејахан дека може, доколку сака, да инвестира во клубот.

Fenway Sports Group, групацијата која е сопственик на Ливерпул, го одби обидот на шеикот со објаснување дека неговата понуда не е ниту доволно добра, а дури и ако била доволно добра, тие не се заинтересирани за продажба на англискиот клуб.

„Ние од Fenway Sports Group стоиме зад клубот и во моментов не сме заинтересирани за продажба. Но, под правите услови и правата цена, може да размислиме за инвеститор кој ќе управува со мал процент на акции и со тоа ќе ја зацврсти комерцијалната моќ на клубот и ќе му помогне да порасне“, пишува во изјавата дадена од групацијата.

Ова не е првпат некој надворешен милијардер да се заинтересира за купување на Ливерпул. Лани клубот предизвика интерес кај финансиерката Аманда Стејвли, која не успеа во купувањето на Ливерпул, па го сврте интересот кон Њукасл.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе