Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Кајгана/Макфакс
/ 17.05.2024 / 12:39

Ливерпул во новата сезона ќе влезе без Јирген Клоп, но и без неколку играчи. Клубот досега ги потврди се заминувањата на Жоел Матип и Тиаго Алкантара.

Жоел Матип (32) летово ќе се прости од Ливерпул по осум сезони. Дефанзивецот беше меѓу првите засилувања во ерата на Јирген Клоп, кој го донесе Камерунецот од Шалке.

Тој забележа 201 настап, постигна 11 гола, освои седум трофеи.

„Не сум сигурен дека би било можно да се каже нешто лошо за него. Прекрасен професионалец, прекрасен фудбалер и прекрасно човечко суштество, бевме благословени што го имаме со нас толку долго, а сега се што можеме да направиме е да му посакаме најдобро во неговиот нов предизвик“, изјави Клоп.

Покрај Матип, заминува и шпанскиот играч за врска Тиаго Алкантара. Тој помина четири сезони во клубот, поради повредите одигра само 98 натпревари, постигна шест гола.

„Пред да дојде во Ливерпул, верував дека ако навистина го сакате фудбалот, ќе има смисла да гледате како игра Тиаго Алкантара“, изјави Јирген Клоп.

„Технички, тој е толку, толку добар. Талент кој може да игра во која било екипа во светот и беше привилегија да го имаме со нас“, додаде Германецот.

реклама

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Read more
Брзи и лесни летни рецепти

Готвење за двајца: Брзи и лесни летни рецепти

Read more

Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Read more

Фудбал

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Read more

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Read more

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Read more

Нема лабаво со Гатузо: Жесток уште на првиот тренинг во Хајдук

Read more
 

Спорт

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Читај повеќе

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Читај повеќе

Суперѕвездата на Бостон со нов најскап договор во историјата на кошарката

Читај повеќе
  • play_arrow

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема лабаво со Гатузо: Жесток уште на првиот тренинг во Хајдук

Читај повеќе

ЕУРО 2024: Роналдо најмногу промаши, најпрецизни Германците

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо најавен како мафијашки бос во видеото на Хајдук

Читај повеќе
  • play_arrow

Го забележавте новиот ВАР детаљ на ЕУРО? Преземен е од друг спорт

Читај повеќе

Роналдо го собори сопствениот рекорд на ЕУРО

Читај повеќе