Фудбал

Љоренте нема минутажа во Реал, а го бара пола Ла Лига

20. ноември 2018 - 13:47 | А.С.

Иднината на Маркос Љоренте во Реал Мадрид е неизвесна, а тоа ќе се обидат да го искористат останатите клубови, со оглед на тоа дека за неговите услуги е заинтересирана пола Ла Лига.

23-годишниот Шпанец не се наигра во изминатава година и пол и во вкупно 22 натпревари за Реал помина 11,64 минути на терен. Поради тоа сериозно размислува за својата иднина, а многу клубови од шпанската лига би сакале да го видат во своите редови, пишува „Marca“.

Екипата на Реал Мадрид има многу проблеми со повреди сезонава, но и наспроти тоа Љоренте сепак доби само 11 минути игра. Само Хесус Ваљехо има помала минутажа од него.

Јануари се ближи, па Љоренте би можел да ги следи стапките на Тео Ернандез, Борха Мајорал, Ашраф Хакими и Раул де Томас кои заминаа на позајмица.

Љоренте е интересен избор за многу клубови од Ла Лига, а веќе се докажа во Алавес во сезоната 2016/17. Таа сезона беше одличен и му помогна на клубот да дојде до финалето на Кралскиот куп, а исто така брилираше во U21 репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство.

Севиља е еден од клубовите кои се сериозно заинтересирани за Љоренте, особено по заминувањето на Французинот Максим Гоналон.

Коментирај