Македонија

Љубе Бошкоски ќе поднесе кривична пријава против судијката Радица Василевска

22. ноември 2017 - 17:27 | Макфакс

„Ќе поднесеме кривична пријава против судијката Радица Василевска за активно учество во политички монтираниот случај ‘Кампања’“, вели во интервју за „Макфакс“ претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Бошкоски додава дека тој и неговиот адвокатски тим имаат несоборливи докази дека станува збор за полициско-политичка местенка и ќе водат паралелна постапка на страна од Специјалното обвинителство кое отвори случај под името „Тортура“.

„Судството мора да се ослободи од корумпираните судии. Додека не ги видиме на обвинителна клупа, иако Уставот ги штити судиите да не одговораат за дадено мислење, другиот дел од приказната е мрачниот дел дека постојат договори, за што имаме и докази. Мене кога ме апсеа полициските службеници ми кажаа дека ќе лежам осум години и  судијката Радица Василевскани не ме осуди ден помалку . Случајот ‘Ровер’ ,  кoj сè уште трае, е уште помонструозен, имаме и докази како обвинителството заедно со Грујовски, кој сега е во екстрадициски притвор, дојдоа во Идризово да ми се закануваат“, додава Бошкоски.

Ексминистерот за внатрешни работи во интервјуто зборува и за системот за прислушување, и уверува дека не бил злоупотребуван од државата во времето кога тој бил на челната позиција на Министерството.

Бошкоски зборува и за можното учество во владата на Заев за пополнување на испразнетите министерски места, за враќањето на Обединети за Македонија на политичката сцена, како и за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, и потребата од смена на Груевски и целото партиско раководство.

Коментирај