Љубов и секс

Љубовен хороскоп за 2019: Јарците ќе се отворат за љубов, Рибите ќе ја најдат на интернет

17. февруари 2019 - 16:22 | А.С.

Што ве очекува оваа година на полето на љубовта? Не оставајте сѐ во рацете на ѕвездите, бидејќи ако не се отворите за љубов, како очекувате да ја најдете и задржите?

Овие знаци ќе имаат неми пресврти на ајголљубовен план оваа година:

Јарците ќе заборават на несигурноста и стравот во љубовта. Оваа година ќе се отворат за љубовно доживување и ќе им „проработи“ центарот за заедништво.

Скорпиите ќе привлечат некоја екцентрична личност во нивниот живот што ќе им донесе нешто ново и неискусено.

Во текот на 2019 година на емотивен план најсреќни ќе бидат Лавовите и Стрелците – пред нив е нова љубовна приказна. За тоа најзаслужен ќе биде Јупитер бидејќи движењето и влијанието на оваа планета на многумина ќе им овозможи среќата да ја најдат во патувања, задоволството во учење и истражување, но и најважното нешто на светот –љубовта.

Родителската улога е нешто по кое некои Лавови ќе ја памтат оваа година. Ќе им донесе многу среќа и задоволства. Сингл Лавовите ќе доживеат љубов или барем авантура на патување или со странец.

Рибите ги очекуваат нови почетоци врзани со пријателства, романтика или креативни проекти. Треба да се ослободат од стравот за преземање ризици и да „вежбаат“ храброст за да го најдат својот љубовен пат. Нека не бидат изненадени ако новата љубов ја најдат преку интернет познанство.

За Овните оваа година ќе биде полна со предизвици на љубовен план, пред сѐ поради влијанието на Плутон и Сатурн кои бараат трансформација и соочување со проблемите.

Биковите кои се во брак или долга врска треба да одвојат време за својот однос. Не смеат да дозволат интимата да им страда во трката за пари или кариера.

На Водолиите ќе им стане јасно каде грешеле досега и каде може да направат подобрувања. Јупитер може да ги усреќи со нови пријателства и полесно поврзување со другите луѓе. Но, Уран ќе донесе некои турбулентни пресврти во полето на домот, семејството и домувањето.

Коментирај