Живот

Љубовниот живот на Шер: Том Круз е еден од најдобрите љубовници

18. септември 2018 - 19:47 | М.Д.

Американската пејачка и актерка Шер призна дека своевремено имала кратка романса со колегата Том Круз. Тие се запознале на венчавката на Шон Пен и Мадона.

Шер призна дека уживала во таа врска и дека двајцата почувствувале привлечност уште кога прв пат се запознаа во 1985 година. Интересно е тоа што се запознаа токму на венчавката на Мадона со Шон Пен во Малибу таа година, кога Том имаше 22 години и беше познат по филмот „Risky Business“. Сепак, како што вели Шер, она што ги зближило е дислексијата, пренесува „The People“.

„Многу луѓе со дислексија беа повикани во Белата куќа, а Том и јас сме и двајцата дислексични. Не стапивме веднаш во врска, но дефинитивно се поврзавме уште од почетокот“, раскажува Шер.

Таа вели дека го смета Том за еден од петте најдобри љубовници со кои таа била во врска. Тврди дека останале во контакт, но не зборуваат за неговите верувања, бидејќи таа тоа „не го разбира“.

Таа ја спомена и врската со Вај Килмер, додавајќи дека „додека се бакнувале, чувствувала дека главата ќе и се оддели од телото“, додека за Ром Камилети, актер од Њујорк, вели дека тој е веројатно нејзината единствена вистинска љубов.

Шер, која има 72 години, се пожали дека сега има прилично беден љубовен живот, така што моментално „нема партнер, но е во интензивна потрага“.

Коментирај