Лога: Ќе поднесам барање за екстрадиција на Груевски

Никола Груевски останува да одговара за уште девет предмети пред домашните судови и уште еднаш ќе поднесам барање за негова екстрадиција, изјави министерот за правда Кренар Лога.

На брифингот со медиумите, Лога посочи дека во писменото барање ќе биде наведено дека тој ќе биде сместен во т.н. Хашки ќелии и во затвор и во притвор.

- Верувам дека ќе бидат прифатливи за унгарските институции, дека тие ги исполнуваат сите меѓународни стандарди, изјави Лога.

Посочи дека својот став го кажал и на средбата со амбасадорката на Грција каде пребегаа Горан Грујовски и Никола Бошковски и дека е недозволиво европски земји како Грција и Унгарија да не помогнат за враќање на довербата.

-  Уште еднаш од наша страна ќе побараме од нив тие да бидат екстрадирани, за еднаш засекогаш да се добие соодветна правда за нив и сите очекувања за правна држава да бидат остварени, не само на хартија, туку и вистински, изјави Лога, посочувајќи дека ако и тогаш не бидат задоволни од условите и имаат забелешки, ќе побараат и нивна поддршка за решавање. 

Во однос на барањата од Кумановската група за трансфер на Косово, Лога рече дека дел од нив не биле целосни и се вратени да се дооформат.

- Го побарав досието поврзано со трансферот на Кумановската група. Најголем дел од тие барања не се според тоа што го предвидува законот. Остануваат најмалку десет чекори до нивниот трансфер на Косово, изјави Лога, посочувајќи дека и за ова прашање ќе треба согласност од двете страни.

Лога, исто така, посочи дека ќе има средба со косовскиот колега и ќе разговара за овој и сите други проблеми, како што се и екстрадициите за случајот „Монструм“.

реклама

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Read more

Македонија

АХВ: Нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Read more

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Read more
 

Вести

  • filter

ОН ја објави листата на топ 10 најнаселени градови во светот за 2023 година

Читај повеќе

АХВ: Нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди

Читај повеќе

Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

Читај повеќе

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе
  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе