Локален херој: Напуштено куче вработиле на бензинска пумпа откако избркало разбојници

Доброто добро враќа, е стара изрека, чија вистина неодамна ја потврдија и вработените на бензинска пумпа во Лима.

Имено, вработени на бензинска пумпа во главниот град на  Перу забележале слабо куче скитник. Кучето воопшто не изгледало добро, па вработените почнале редовно да го хранат. Немале поим дека еден ден истото куче ќе ја заштити станицата и ќе спречи грабеж.

Според Хавиер дел Кастиљо, еден од вработените, кучето скитник по име Гринго барало храна и засолниште околу бензинската пумпа некое време откако некој го напуштил.

Поради топлата грижа на персоналот на станицата, Гринго постепено станал редовен посетител. Поради многу лошото обезбедување, таа станица доживеала четири грабежи за само една недела и вкупно 11 за три месеци.

Едно утро, Гринго бил таму кога ненадејно се појавиле двајца разбојници вооружени со ножеви и им се заканиле на вработените барајќи да им ги предаде парите.

„Тие им рекоа да им дадат сѐ што има, а потоа Гринго веднаш излезе и тргна по ограбувачите, па и двајцата побегнаа“, изјави Хавиер.

Кучето скитник веднаш станало локален херој откако покажало неверојатна храброст и го привлекло вниманието на управата на бензинската пумпа. Компанијата одлучила да го награди Гринго и му ја понудила официјалната позиција на чувар на станицата.

Кастиљо објасни дека откако Гринго станал дел од персоналот на бензинската пумпа, сега сите се чувствуваат многу побезбедни.

Во слободното време, Гринго ужива да игра со персоналот на станицата и веќе стана навистина сакан член на тимот.

„Тој навистина не прифаќа луѓе со лоши намери. Чувствува, куче е, не треба да го прашуваш. Веднаш знае дали сте дошле со добри или лоши намери“, заклучи Кастиљо.

Тагови
реклама

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Чек дис аут

Топ 15 најгусто населени градови во светот

Read more

Тиктокер не ја препозна Џенифер Лопес на улица, па ја праша што работи

Read more

Како изгледа денес легендарниот брод Титаник?

Read more

15 најголеми рудници што се гледаат од вселената

Read more
 

Магазин

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе

Не ги игнорирајте првите знаци на рак на тестиси: Кога да посетите лекар?

Читај повеќе

Што треба да јадете за да внесувате повеќе магнезиум?

Читај повеќе

Деми Мур е најубава во светот

Читај повеќе

7 знаци дека најверојатно ви недостасуваат протеини

Читај повеќе

Паровите кои ја разбираат вистинската емоционална зрелост никогаш не избегнуваат 4 обврски

Читај повеќе

Едноставна стратегија со која вашите деца ќе јадат повеќе зеленчук и овошје

Читај повеќе

Како да се надмине пролетниот замор поради чувството на исцрпеност и губење на мотивацијата?

Читај повеќе

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Читај повеќе