Пожарот кај Чашка, во општина Ѓорче Петров, е локализиран и е ставен под контрола, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Во гаснење на пожарот вчера беа ангажирани два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување, кои направија 7 налети, а утрово до 11 часот се направени уште три налети.
Дирекцијата за заштита и спасување има мобилизирано 25 лица од Републичките сили за заштита и спасување, кои се на терен.
„Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на републиката и е подготвена во секој момент, доколку има потреба, да ангажира тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор на територијата на Република Македонија“, велат од ДЗС.