Локални избори за нов градоначалник на Штип во декември

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на прес-конференција истакна дека според Државната изборна комисија би требало да се одржуваат некаде на 13 декември - првиот круг и на вториот круг на 27 декември.

Тој се надева дека на ист ден ќе се одржуваат избори и во Општина Пласница поради испразнето градоначалничко место.

– Согласно законските рокови ја информиравме Владата и дадовме една предлог-одлука за констатирање на престан на мандатот на Благој Бочварски којшто стана министер за транспорт и врски. Владата го разгледала нашето барање и ја прифати одлуката и претпоставувам дека денеска ќе се најде и во рацете на Талат Џафери, кој единствено е надлежен да ги распише изборите во Штип, вели Милевски.

Министерот соопшти дека, според ДИК и согласно законските рокови, тоа би значело изборите да се одржуваат некаде на 13 декември првиот круг и на 27 декември вториот круг.

– Но, ние сметаме дека ДИК треба да го препрочита и законот и ако изнајде некоја најмала можност како што имаме вонредно парламентарни и претседателски избори, да го направи тоа по скратени рокови, да не мораат граѓаните да гласаат пред Нова година, во тој зимски период, вели тој.

Милевски посочи дека тие како Министерство и Владата ја завршиле нивната надлежност во текот на вчерашниот ден и сега останува Талат Џафери и ДИК да го прецизираат рокот кога ќе се одржуваат изборите.

– Мислам дека во ДИК има расположение и е спремна за пократки рокови, меѓутоа прашање е дали законот тоа му го дозволува, бидејќи во делот за локална самоуправа не се предвидени вонредни локални избори, рече тој.

Милевски потенцираше дека треба да се испланираат и рокови за вонредни локални избори во законот за локална самоуправа во случаи коишто се случуваат или за други функции или заради немили настани.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе