Collins Dictionary го прогласи „локдаун“ за збор на годината, објаснувајќи дека овој збор претставува заедничко искуство за неколку милијарди луѓе во 2020 година, пренесе BBC.

Според речникот, локдаун се дефинира како „наметнување строги ограничувања за патување, социјална интеракција и пристап до јавни простори“.
Лексикографите во текот на 2020 година регистрирале 250.000 повеќе користења на зборот „локдаун“ за разлика од минатата година, кога бил употребен само 4.000 пати.
Останати зборови користени оваа година се: социјална дистанца, коронавирус, самоизолација.
Од друга страна кратенката BLM (Black Lives Matter) забележа пораст на употреба за 581 проценти во однос на претходната година.
На листата е и зборот „Мегзит“, според примерот на Брегзит, користен за повлекувањето на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл од кралските должности.