Лопетеги: Ние сме шампиони и знаеме како да се издигнеме од тешката ситуација

Мадрид, 23 октомври 2018 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, верува дека неговиот тим има сили и квалитет да ја надмине резултатската криза во која се наоѓа и додаде дека не го засегаат пишувањата во медиумите за негово скоро разрешување.

„Ние сме тим на шампиони и знаеме како да се издигнеме од ситуацијата во која се најдовме. Свесни сме дека треба да бидеме подобри и тоа ќе го направивме. Фокусирани сме и мотивирани досегашните резултати да не влијаат на нас. Возбудени сме пред натпреварот од Лигата на шампионите“, изјави Лопетеги.

Шпанскиот стручњак посочи дека до него не допираат се почестите шпекулации за негова скорешна смена.

„Не придавам значење на пишувањата по медиумите. Моја задача е да ја подготвам екипата за секој нареден натпревар и тоа го правам“, потенцира Лопетеги.

Во шпанските медиуми се појавија информации дека вечерашниот дуел со Плзењ (21 часот) во ЛШ на домашен терен, како и дербито со Барселона следниот викенд се пресудни за судбината на Лопетеги на тренерското место во Реал. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе