Лопетеги се расплака пред Реал: Се чувствувам како дел од семејството

Новиот тренер на Реал Мадрид Хулен Лопетеги денеска беше официјално претставен на прес-конференција на „Сантијаго Бернабеу“. Тој потпиша тригодишен договор со „кралскиот клуб“ и предизвика скандал во шпанската репрезентација што ја водеше од летото, 2016 година.

Лопетеги доби отказ само два дена пред отворањето на СП 2018, а шпанската репрезентација ја презеде Фернандо Јеро.

Лопетеги дојде на претставувањето со сопругата и децата, а пред прес-конференцијата се фотографираше со Флорентино Перез кој му го врачи дресот на Реал Мадрид пред низата од 13 пехари.

По краткиот вовед, Лопетеги се расплака пред новинарите и челниците на клубот кои му возвратија со овации.

„Вчера беше најтажниот ден во мојот живот, откако мајка ми... Денеска сум најсреќниот човек на светот. Му благодарам на претседателот Флорентино Перез, му благодарам на Реал, на укажаната доверба и одговорноста што ми е дадена. Со гордост ја прифаќам оваа одговорност. Знам каде одјдов, знам што значи Реал и ќе направам сѐ да продолжиме да се бориме и да бидеме уште подобри. Се надевам дека нема да бидам премногу возбуден тука пред вас, сакам да кажам толку многу... сакаме да останеме на врвот, да ги развиваме нашите играчи и нашиот клуб. Ви благодарам на сите, се чувствувам како дел од семејството.“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе