Лопетеги: Зидан вршеше одлична работа, но сега тој е минато

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, вечерва ќе дебитира на клупата на шпанскиот клуб во официјален натпревар од рамките на европскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид.

На тој начин, Лопетеги добива шанса да освои трофеј уште во првиот официјален натпревар на клупата на Реал Мадрид, и тоа против градскиот ривал Атлетико.

„Зидан вршеше одлична работа во овој клуб. Освои многу титули, но сега тој е минато. Мораме да се фокусираме на иднината, да продолжиме да освојуваме трофеи и да бидеме подобри. Не смееме да гледаме кон минатото, потребна ни е напорна работа“, рече Лопетеги.

Летово клубот го напушти најдобриот играч на Реал Мадрид во последната деценија, Кристијано Роналдо, а сега се очекува од Герет Бејл да ја преземе улогата на главна ѕвезда и офанзивна сила во составот.

„Герет (Бејл) е долгогодишен член на Реал Мадрид. Сјаен е од стартот на подготовките, многу мотивиран и свесен е колку е важен за тимот. Не сакам да зборувам каков беше претходно, сега јас работам со него и сум презадоволен. Истото важи и за Карим Бензема“, изјави Лопетеги.

Натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид се игра вечерва во Талин од 21:00 часот.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе