Фудбал

Лопез херој на Лион, Јунајтед се провлече, Ајакс херојски во Глезенкирхен

21. април 2017 - 8:50 | Макфакс

Манчестер Јунајтед и Ајакс по продолженијата, а Лион по изведувањето на пенали изборија пласман во полуфиналето во Лига Европа, додека единствено Селта во 90 минути го завери својот пласман меѓу најдобрите четири тима во ова натпреварување.

Манчестер Јунајтед, најголемиот фаворит за титулата во Лига Европа, мораше да одигра дополнителни 30 минути за да се пласира во полуфиналето. Пласманот на „црвените ѓаволи“ во полуфиналето го засени повредата на Ибрахимовиќ во 94 минута.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ во регуларниот дел заврши со 1:1, а головите ги постигнаа Мхитаријан за Јунајтед и Хани за Андерлехт. Откако во второто полувреме играчите на Јунајтед не реализираа неколку добри шанси за постигнување на гол, победникот го реши Рашфорд во 107 минута.

Шалке го пречека Ајакс и со два гола во второто полувреме успеа да ја анулира предноста на гостите од првиот натпревар. Горецка и Бургшталер беа стрелци на головите. Ајакс последните десет минути од регуларниот дел и продолженијата ги одигра со играч помалку.

Шалке со човеке повеќе на теренот го постигна и третиот гол, во 101 минута стрелец беше Калиѓури. Десет минути подоцна со многу среќа резултатот го намали Фиргевер, а пласманот на Ајакс во полуфиналето го потврди Јунес во 120 минута.

Бешикташ и Лион во 120 минути одиграа 2:1, иако двата тима и во регуларниот дел и во продолженијата промашија неколку одлични шанси. Талиска го постигна првиот гол на натпреварот, израмни Лаказет, а потоа Талиска со својот втор гол го постави конечниот резултат 2:1.

Драмата во Истанбул кулминираше во пенал серијата, првите пет изведувачи во двата тима беа сигурни, резултатот беше израмнет и по шестата серија, потоа во седмата голлманот на Лион, Лопез го одбрани ударот на српскиот дефанзивец Тошиќ, а Жале од Лион шутираше над голот.

Лопез повторно стапи на сцена во осмата серија кога го одбрани одбрани ударот на хрватскиот дефанзивец Митровиќ, а потоа капитенот на Лион Гоналон беше прецизен за конечни 7:6 во пенал серијата.

Селта во 90 минута го оставри најголемиот клупски успех, палсман во едно полуфинале во европските купови.

Шпанскиот тим по првиот меч имаше предност од 3:2, а во Генк Сисит ја зголеми таа разлика. Конечните 1:1 на овој меч ги постави Тросар.

Полуфиналните двојки во Лига Европа ќе бидат извлечени во петок во Нион. Првите полуфинални мечеви се играат на 4 мај, а реваншите се на програмата на 11 мај. Финалето е во Стокхолм на 24 мај. 

Коментирај