Филм & ТВ

„Lord of the Rings“ се враќа на Нов Зеланд како серија

20. септември 2019 - 15:28 | Б.С.Б.

Нов Зеланд уште еднаш ќе профитира од хобити, џуџиња и самовили, бидејќи токму таму ќе се снима серијата „Lord of the Rings“.

Станува збор за серија на која работи студиото Amazon, а која со буџет од милијарда долари е најскапа во историјата. И трилогијата беше снимана на Нов Зеланд, што на земјата ѝ донесе голем профит. Amazon пред две години ги откупи правата за снимање ТВ-серија според класикот на Толкин.

Веста ги воодушеви луѓето во Нов Зеланд.

„Ова е фантастична вест за филмскиот сектор на Нов Зеланд и за нашата економија“, вели новозеландскиот министер за економски развој.

Филмовите за хобити снимени на Нов Зеланд придонесоа земјата да ја посетат повеќе милиони луѓе.

Коментирај