Лош старт на Милан во 2023: Што се случува со италијанскиот шампион?

Фудбалерите на Милан катастрофално влегоа во 2023 година и со својата игра и резултати не се ни сенка на тимот кој минатата година ја освои шампионската титула наа Италија по 11 години чекање.

Милан синоќа доживеа нов, овојпат најтежок „шамар“ на гостувањето кај Лацио каде речиси сигурно згаснаа сите надежи за одбрана на титулата во Италија. „Росонерите“ имаат 12 бода помалку од Наполи, а како што играат сега, можно е оваа разлика наскоро да се зголеми на недостижна разлика.

Во само пет натпревари, во кои Милан не знаеше за победа, ја загуби шансата да освои три трофеи.

Сето ова доаѓа по изјавата на директорот Паоло Малдини во која потенцира дека нема потреба од засилувања бидејќи славниот клуб е конкурентен за четири трофеи.

„Во овој момент не ни се потребни засилувања. Сè уште играме во сите четири натпреварувања и во сите сме конкурентни за трофејот“, изјави Малдини пред нешто повеќе од еден месец и предизвика револт кај навивачите на Милан кои видоа дека се неопходни засилувања за да се одржи континуитетот.

Оттогаш, Милан испадна од Купот на Италија од Торино, го загуби италијанскиот Суперкуп од Интер, а потоа низа порази во Серија А го спуштија на неверојатни 12 бода од одбраната на титулата.

Останува само Лигата на шампионите. Иако овој клуб има седум титули и е втор најтрофеен клуб во Европа во најелитното натпреварување, со оглед на игрите кои денеска ги прикажува шампионот на Италија, тешко е да се очекува премин во четвртфиналето преку Тотенхем.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе