Лоша недела за Пике: Навивачите го исвиркаа, Шакира го напушти

Колумбиските медиуми објавија дека Шакира и Жерар Пике се разделија и дека популарната пејачка веќе се иселила од нивниот заеднички дом во Барселона. Информацијата ја потврди и шпанскиот портал „Cotilleo“ кој тврди дека двојката дефинитивно се раздели.

Шпекулациите траеја со денови, а медиумите коментираа дека двајцата не биле видени заедно во јавност со месеци. Последен пат заедно беа на свадбата на Лионел Меси во Аргентина, во јули годинава.

Засега ни пејачката, ни фудбалерот ја немаат официјално потврдено веста, но нивни блиски луѓе велат дека двојката е во процес на раскинување и дека Шакира си заминала од куќата. Таа сепак доаѓа таму одвреме-навреме за да бидат децата со двајцата родители.

„Станува збор за нешто сериозно и таа донесе конечна одлука“, рече извор близок до славната двојка.

Шакира моментално се подготвува за светската турнеја „El Dorado“ што би можела да претрпи последици поради отворените и остри ставови на Пике во врска со референдумот за независност на Каталонија.

Шакира и Пике се заедно шест години и имаат два сина, Милан и Саша.

Како домашните проблеми да не му беа доволни, Пике континуирано се соочува и со незадоволство од навивачите на шпанската репрезентација.

Откако беше исвиркан на тренинг на репрезентацијата кога навивачите излегоа со транспаренти „Пике, оди си“, со свирежи го испратија и од натпреварот од 9. коло од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018.

Дефанзивецот на Барселона во третата минута заработи жолт картон, поради што селекторот на Шпанија реши да го извади од игра 15 минути подоцна, а на негово место на терен излезе Начо.

Кога се правеше измената, Пике беше исвиркан, а причините за ваквите реакции се неговото поддржување на референдумот за независност на Каталонија и неговите изјави дека е подготвен да се повлече од репрезентацијата на Шпанија ако ваквите негови размислувања прават проблеми во екипата.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе