Лоши навики поради кои стареете предвреме

Никој не сака да изгледа постаро од своите години, но скоро сите правиме најмалку една работа што прави да старееме предвремено.

Да, гените играат голема улога во тоа дали и кога ќе ви побеле косата, каква ви е кожата, дали сте склони кон дебелеење или слабеење со текот на годините и слично, но негата на телото и духот и начинот на живот исто така силно влијаат врз тоа дали ќе изгледате младолико долго време и дали ќе стареете грациозно.

Ова се лоши навики што придонесуваат да старееме предвреме и да изгледаме и да се чувствуваме и по 10 години повеќе отколку што имаме.

Премногу седите

Има професии во кои физичката безбедност е секојдневно под голем ризик, но и седечката работа може да биде опасна по здравјето. Прекумерното седење, без паузи за истегнување и раздвижување, во комбинација со неадекватни услови за вршење седечка работа, водат до развивање на разни состојби и болести.

Бројни истражувања покажале дека штетата предизвикана од долготрајното седење не може да се надомести ни со интензивно вежбање подоцна. Затоа, за здраво срце и крвни садови, како и подобро држење на телото, против болки во вратот, грбот и екстремитетите, станувајте од столче на секои 30 минути, а во осумчасовното работно време направете една подолга пауза за прошетка или направете неколку вежби.

Внесувате премногу шеќери

Можеби си мислите дека ако не јадете парче торта секој ден дека не внесувате преработени шеќери во вашиот организам, но со секоја лажичка рафиниран шеќер во кафето, со секој пијалок со вештачки засладувач и секој залак конзервирана храна вие внесувате значителни дози штетни шеќери. Овие шеќери го зголемуваат нивото на „воспалителни маркери“ што се поврзуваат со појава на болести поврзани со стареење и ги спречуваат важните протеини (како колаген и еластин) да си ја вршат функцијата, а тоа е да ја одржуваат кожата мазна, затегната и здрава.

Заборавате на физичката активност

Не мора да бидете фитнес ентузијаст и секој ден да одите во теретана за тоа да се смета за физичка активност. Со 30 минути умерено пешачење може да го намалите „лошиот“ холестерол, да го заштитите срцето, да ги зајакнете коските и да го подобрите тонусот на мускулите.

Не ја занемарувајте важноста од физичка активност – пешачете во секоја прилика што може да ја искористите, возете велосипед, качувајте се по скали, танцувајте, возете ролери, неколку пати месечно одете на планина или пешачете покрај река, езеро или море.

Не спиете доволно

Сонот е од критична важност за регулација на хормоните, опоравување на мускулите, развој на помнењето и одржување на оптимална функција на метаболизмот. Ако не спиете доволно и квалитетно, вашето тело не може да се регенерира и тоа повлекува низа негативни процеси, па и болести. Прва на удар е кожата која станува безживотна, сува, иритирана и тоа прави да изгледате и да се чувствувате уморно и постаро.

Преиспитајте ги вашите навики на спиење, односно квалитетот на спиењето. Нередовниот циклус на спиење е важен фактор за лошиот квалитет на спиењето. Ако не легнувате и станувате во исто време секој ден и не спиете ист број на часови редовно, ќе се будите уморни.

Рутината е многу важна и треба да се придржувате до неа најдобро што можете, ако сакате квалитетно да се наспиете и да го искористите максимално времето кога сте будни. Тоа значи дека треба да спиете барем 7-8 часа и да имате непрекинат, цврст, ноќен сон и да си легнувате и да се будите секој ден во исто време, вклучувајќи ги и викенд деновите.

Јадете преработено месо

Дали на вашето мени често има сланина, салами, виршли и други сувомеснати производи? Нитратите и конзервансите што се користат во преработеното месо создаваат слободни радикали во вашето тело. Тие пак, предизвикуваат оксидација во вашите клетки и вашата ДНК. Овие производи исто така содржат заситени масти што го стареат срцето. Ако не можете целосно да се откажете од овие производи, барем намалете ја количината што ја внесувате на дневно ниво.

Уште пушите цигари

Пушењето е штетно за здравјето и тоа ќе го повторуваме одново и одново.

Една од најлошите навики што предизвикува рак на белите дробови и срцеви проблеми. Последиците од пушењето се гледаат и на вашето лице: лош тен и нагласени брчки околу очите и устата, бидејќи никотинот ги стеснува крвните садови во кожата.

Што им прави една испушена кутија цигари на белите дробови?

Како да престанете со пушење цигари?

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе