Лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Има многу фактори што може негативно да влијаат врз вашиот сексуален живот, но некои од нив се стекнати лоши навики.

Ако мислите дека животниот стил не влијае врз нарушување на сексуалната желба и перформанс, се лажете.

Ослободете се од овие лоши навики и вратете ја страста и акцијата во спалната соба.

Нездрава исхрана

Ако поголемиот дел од вашето дневно мени се состои од брза и нездрава храна преку која внесувате преработени јаглехидрати, прости шеќери и заситени транс-масти, тоа може значително да ја забави циркулацијата на крвта во организмот, а за мажите тоа значи ослабена ерекција.

Премногу сол

Ако солената и конзервирана храна се редовни во вашата исхрана, евентуално ќе ви се покачи крвниот притисок, што може да го намали либидото.

Ја прескокнувате предиграта

Живееме во брзо време, но не се брзајте да завршите со сексот, туку уживајте во сите составни делови на сексуалниот чин, а тука спаѓа и предиграта. Резултатите од истражување во кое учествувале 8.700 мажи и жени покажале дека сексот траел подолго кога партнерите пред самиот акт користеле различни видови на стимулација. Оралниот секс и меѓусебната мастурбација за многу од нив била совршена комбинација.

Премногу пиете

Една чаша вино или пиво може да ви помогне да се опуштите, но преголеми количества алкохол може само да ви наштетат во спалната соба. Алкохолот во големи количини влијае врз ерекцијата кај мажот и ја намалува влажноста на вагината кај жената.

Пушење

Пушењето има многу негативни последици по човековото здравје. Во поглед на вашиот сексуален живот, никотинот и хемикалиите во цигарите ја намалуваат сексуалната желба кај жените и негативно влијаат врз ерекцијата кај мажите.

Тагови
реклама

Секс во бременост: Дали е безбеден за бебето и кои пози и се најудобни на жената?

Read more

Ситуации и места каде што е најлесно да се заразите со омикрон

Read more

Зеленчук што дебелее: Ако сте на диета, внимателно колку го јадете

Read more

IQ мапа: Кој е поглуп, а кој попаметен од Македонците во Европа?

Read more

Љубов и секс

Како сексот да трае подолго?

Read more

Секс во бременост: Дали е безбеден за бебето и кои пози и се најудобни на жената?

Read more

10 особини кои откриваат дека сте добри во кревет

Read more

Во што жените најчесто грешат кога флертуваат?

Read more
 

Магазин

Искрен и отворен: Со овој хороскопски знак секогаш знаете на што сте

Читај повеќе

Село во кое може да живеете само ако сте оперирале слепо црево

Читај повеќе

Истражување покажа: Мажите со маска на лицето делуваат попривлечно

Читај повеќе

10 цитати за животот од Харуки Мураками

Читај повеќе

Што се случува во телото ако пиете кафе пред утринскиот тренинг?

Читај повеќе

Зеленчук што дебелее: Ако сте на диета, внимателно колку го јадете

Читај повеќе

Во 113 година од животот почина најстариот маж во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Зеленчук и пршута во бешамел сос

Читај повеќе

Пет витамини и минерали важни во текот на зимските месеци

Читај повеќе