Лоши навики со кои си го уништувате животот

Сите би сакале да сме посреќни, но многумина не се свесни колку некои незабележителни навики нѐ прават несреќни, а не е тешко да ги откриеме и да ги смениме.

Откријте дали вие ги имате стекнато овие навики и ослободете се од нив за посреќен, поздрав и поисполнет живот.

Премногу седите

Седечкиот начин на живеење веќе станува вообичаена појава и често не сме свесни колку многу време поминуваме во седење и сѐ помалку се движиме. Седиме на работа, седиме во автобус или автомобил, седиме дома пред телевизорот или пред компјутер.

Без физичка активност ни опаѓа нивото на ендорфини и други хормони заслужни за добро расположение. Прошетка од 30 минути дневно и вежбање два пати неделно ќе ви помогнат да се чувствувате поенергично и позадоволно, а исто така ќе бидете и поздрави.

Поминувате многу време во затворен простор

Седењето и поминувањето време во затворен простор одат рака под рака. Повеќето работни места се обавуваат во затворен простор, а и повеќето активности со семејството и пријателите ги правиме во затворени простории: кино, ресторан, кафулиња, игротеки...

Поминувајте што е можно повеќе време надвор, на отворено, во движење. Истражувајте нови места во вашиот град, а за викендите излезете од градот. Без разлика дали ќе излезете од населбата или од градот, промената ќе ви годи. Откривањето нови нешта нѐ прави посреќни и исполнети.

Потрошувачка машина

За да бидеме среќни во животот не е доволно само да земаме. Давањето нѐ прави да се чувствуваме важни и задоволни. Излезете од магичниот круг на консумерството и престанете да бидете потрошувачка машина. Наместо да се почестите себе со уште еден пар чевли што нема да ги носите повеќе од два пати, подарете му нешто на некој друг, без повод. Донирајте го вашето време ако не можете да издвоите финансиска донација за некоја добра цел. Донирајте облека што не ја носите. Давајте повеќе отколку што земате и ќе бидете посреќни.

Се изолирате од другите луѓе

На секого му е потребен мир и време за себе, но ниту еден човек не е остров сам за себе. Пандемијата нѐ оддалечи физички едни од други и полека треба да ги вратиме навиките на дружење. Ни треба човечка интеракција за да се чувствуваме живи, потребни, корисни. Не дозволувајте да се оддалечите од семејството и вашите пријатели, а исто така одржувајте ги контактите со колеги, познаници, клиенти, девојката со која заедно одите на час по јога. Разговарајте со внимание, слушајте и споделувајте. Сечија приказна може да донесе нешто вредно во вашиот живот.

Не создавате ништо

Научно е докажано дека занимавањето со некакво креативно хоби помага во справувањето со депресија, го намалува стресот и го подобрува расположението.

Ако не сте талентирани за сликање или за музика, занимавајте се со градината или со собни цвеќиња, научете сами да фарбате или лакирате, да шиете или некоја друга дејност што бара да ги употребите рацете и сами да создадете нешто. Почнете со тоа што сами ќе ги спакувате новогодишните подароци за вашите најблиски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе