Лоши навики во исхраната поради кои не слабеете, иако се трудите

А.С.
/ 02.06.2022 / 20:14

Ако сте на режим на исхрана, треба соодветно да ги прилагодите и другите околности.

„Многу луѓе знаат што треба да јадат, но честопати се мачат да воведат нови навики во исхраната“, вели нутриционистката Роксана Ехсани, додавајќи дека често гледа фрустрирани пациенти кои внимаваат што јадат, но не губат телесна тежина.

Без разлика дали сте свесни за тоа или не, нездравите навики во исхраната можат многу да влијаат на тоа колку килограми ќе изгубите.

Јадете „од нога“

„Повеќето луѓе сѐ уште работат од дома и се многу поблиску до кујната, но според неодамнешните студии тие сѐ уште не земаат пауза за ручек, а повеќето ќе направат сѐ што е потребно и ќе заборават на појадокот и вечерата за да ја завршат работата што е можно поскоро“, додаде Ехсани.

Ако не јадете на раат, можете да сметате на намалена продуктивност, лошо расположение, но и на чувство на глад во текот на денот.

Прескокнувате оброци

„Најголемата грешка е прескокнување оброци, а многумина го прават ова кога се на диета“, вели нутриционистот Кристен Смит, додавајќи дека многумина не разбираат дека мора да се внесат доволно калории во телото за метаболизмот да функционира нормално, и доколку прескокнете оброк, всушност ќе работи побавно. Покрај тоа, таквата навика може да доведе до силен глад, така што ќе завршите да јадете многу повеќе отколку што сте планирале.

Јадете на биро

Сите сакаме што поскоро да се ослободиме од обврските, па пресметуваме дека ќе заштедиме многу ако јадеме додека работиме. Не само што ќе се чувствувате лошо бидејќи „немате време ни да јадете на раат“, туку свесноста за тоа колку јадете ќе биде целосно намалена. Наместо да ја почувствувате аромата, вкусот, брзо ќе го проголтате оброкот без да бидете свесни што правите.

Избирате брза диета

„Никогаш нема да советувам брзи решенија, бидејќи оние диети кои велат да јадете само зелка или да пиете вода со лимон, можат да создадат дополнителни фрустрации. Ќе изгубите тежина, но има големи шанси да ја вратите за кратко време“, истакнува Смит.

Јадете пред екран

„Кога јадете со компјутер или телевизор пред вас или јадете додека се допишувате на мобилен, може да сметате и на зголемување на телесната тежина“, додава Ешани. Во тие моменти, вие сте повеќе фокусирани на екранот отколку на храната, што значи дека најверојатно ќе јадете многу повеќе.

Внесувате малку маснотии

Дефинитивно треба да бидете внимателни да не внесувате премногу маснотии, но исхраната со премалку маснотии ќе ви направи штета. Некои масти (авокадо, маслиново масло, путер од кикирики) нудат придобивки за здравјето на срцето кога се конзумираат умерено.

Јадете брзо

„Брзото џвакање може да доведе само до прејадување и секако зголемување на телесната тежина. Потребни се околу 20 минути за мозокот да регистрира дека сте сити, но ако јадете побрзо од тоа, знаете што се случува “, додава Ехсани. Вие исто така може да имате болки во стомакот после јадење таков оброк, бидејќи не ја соџвакувате храната убаво.

Избегнувате глутен

„Колку повеќе производи без глутен на полиците на продавниците, толку повеќе ми се чини дека повеќе луѓе посегнуваат по нив бидејќи мислат дека на тој начин ќе ослабат. За жал, тоа не е така и нема докази за тоа“, рече таа.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе