Фудбал

Лоши вести за Хрватска и Реал: Се повреди Лука Модриќ

12. септември 2019 - 14:02 | М.С.

Лука Модриќ се повреди и нема да биде на располагање на Реал Мадрид, објавија од клубот.

Капетанот на хрватската репрезентација после квалификациските натпревари се врати во Мадрид, каде го прегледаа лекарите на клубот.

Лекарите на Реал востановија дека Модриќ го повредил мускулот на десната нога, познат како адуктор- кој се наоѓа на препонот. Сè уште се чека за службената потврда за периодот кога Модриќ ќе се врати на терен, но се шпекулира дека тој ќе одмара околу две недели.

Модриќ после квалификациските натпревари против Словачка и Азербеџан не пријави повреда, но во Мадрид востановија дека проблемот постои.

Тоа се лоши вести за селекторот Златко Далиќ, но и за тренерот на Реал Зинедин Зидан. Французинот не може да смета на Асенсио, Менди, Јовиќ, Куртоа, Родриго, Азар, Хамес, Иско, а сега и на Модриќ.

Модриќ ќе го пропушти и натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите.

Во Реал се надеваат дека ќе успее да се опорави до 7-мото коло кога ги очекува натпреварот против градскиот ривал Атлетико. Дербито е закажано за 28-ми септември.

Коментирај