Лото топче со криза на идентитет: Кој број е ова?
Лото извлекувањето во Ирска викендов влезе во историјата на сите лото извлекувања и игри на среќа.
Причината за тоа беше извлечениот број што на екраните беше покажан како 33, а се гледа дека другите броеви на топчето се 38. Потоа во барабанот се гледа дека е останато топчето со број 33.
Гледачите веднаш почнале да се јавуваат во телевизијата, шокирани од, како што сметале, обидот за малверзација на играта на среќа.
Од Лотаријата рекле дека се работело само за „рефлексија“ на цевката и дека бил ивлечен бројот 38, но осумката не се гледала добро поради начинот на кој се одбивала светлината.