„Love on the Spectrum“ – каков е светот на љубовта за луѓето со аутизам?
Документарецот „Love on the Spectrum“ ги следи приказните на млади луѓе кои се дијагностицирани со некоја од состојбите во спектарот на аутизам.
Низ четири епизоди се прикажува како тие го истражуваат непредвидливиот свет на љубовта, дејтањето и врските.
Повеќето луѓе во спектарот на аутизам ги имаат истите желби за интимност и партнерство како и останатите, но потешкотиите со комуникација и однесување кога се во социјално опкружување им претставува дополнителен предизвик.
Оваа документарна серија ќе нѐ научи сите нешто повеќе за љубовта, романтиката, интимноста и прифаќањето.
Премиерата е на 22 јули на Netflix.