Ловрен: Рамос е преценет, јас сум еден од најдобрите стопери во светот

Иако често е критикуван поради грешките на теренот, Ловрен имаше одлично лето во кое одигра две финалиња – едно во Лигата на шампионите и едно на Светското првенство. Веднаш откако Хрватска се пласираше во финалето на СП, тој не пропушти да се прогласи себеси за „еден од најдобрите дефанзивци во светот“.

„Луѓето би требало да прифатат дека јас сум еден од најдобрите дефанзивци во светот“, изјави Ловрен за англиските медиуми набрзо по завршувањето на полуфиналниот натпревар од Светското првенство.

Изјавата на Дејан Ловрен во Англија беше пречекана со смеа, медиумите го окарактеризираа како егоист и арогантен, но тој и понатаму стоеше зад неговите зборови. Тој пред неколку дена гостуваше во YouTube шоуто „Fifa & Chill“ на каналот Copa 90, каде уште еднаш го потенцираше истото.

„Понекогаш не ги заслужувам критиките кои ги добивам“, рече стоперот на Ливерпул и продолжи да го аргументира својот случај, притоа споредувајќи се со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Ако ја погледнете статистиката ќе видите дека Рамос греши повеќе од мене, но тоа што игра во Реал Мадрид му оди во прилог. Дури и кога греши, никој не го опоменува. Кој би те критикувал кога постојано победуваш со 5:1, 5:2?“, додаде Ловрен.

Во разговорот со екипата на Copa 90 тој рече дека Вирџил ван Дајк, Рафаел Варан и Тијаго Силва ги смета за најдобрите дефанзивци во светскиот фудбал.

Откако започна сезоната, Дејан Ловрен имаше помала минутажа отколку во последните две сезони, но е далеку постабилен како дефанзивец. Тој одмараше поради тоа што Клоп сезонава може да си дозволи да ги чува играчите свежи бидејќи има поголема ротација во тимот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе