ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ловрен: Русија требаше да оди на СП

По натпреварот меѓу Канада и Хрватска, Дејан Ловрен коментираше пред данските и руските новинари за забраната за Русија за настап на Светското првенство.

„По натпреварот во кој неговата репрезентација ја победи Канада со 4:1, Ловрен застана расположен во микс зоната пред нашите новинари и неколку руски медиуми“, пишува дописникот на данскиот Bold и ги наведува прашањата кои му биле поставени на Ловрен и одговорите на капитенот на рускиот шампион Зенит:

Ве лути што Русија не е на СП?

„Секако дека да. Отсекогаш сум велел дека спортот и политиката мора да се разделат. Русија е одлична репрезентација и штета е што не се на Светското првенство. Но верувам дека работите наскоро ќе се сменат. Секогаш мора да размислувате позитивно“.

Велат дека Русија не е на СП затоа што започна војна во Украина?

„Дури и да е така, на Русија сепак требаше да ѝ биде дозволено да игра на Светското првенство“.

ФИФА им дозволи на странските фудбалери кои играат во Русија да одат во странски клубови. Вие сепак останавте во Зенит?

„Се двоумев што да направам. Многу размислував што да правам. Мислам дека останувањето во Зенит и да му помогнам беше вистинската одлука. Тренерот Далиќ ме поддржа. Тој рече дека треба да останам. Направив сè како што треба. Горд сум што сум капитен на Зенит“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе