Музика

Лозано доби награда во Белград и се налути за Северна

28. јануари 2020 - 9:48 | Ф.З.

Влатко Лозаноски го исправи водителот кога го најави за да ја земе наградата за најдобра поп-фолк песна на годината на Music Awards Ceremony во Белград.

Кичевчанецот беше најавен како пејач од Северна Македонија кога беше повикан да излезе на сцената и да ја подигне наградата која ја освои за песната „Мајко“ во категоријата за најдобра поп-фолк песна на годината.

Тој потоа го исправи водителот велејќи дека „тоа е Македонија, без тој додаток“ кој го кажал. Воедно, рече дека зборувал на македонски заради тоа што неколку пати слушал дека на Јелена Карлеуша ѝ бил секси јазик.

Коментирај