Лозарите бараат двојно повисоки субвенции за винско грозје

Здружението „Напредни лозари” денеска јавно побара двојно да се зголемат субвенциите за одгледување винско лозје по хектар.

– Оваа година Тиквешкиот регион го зафати суша каква не се памти многу одамна. Лозовите насади претрпеа големи штети. Сушата ги погоди и лозјата кои се под системи за наводнување. Тиквешкиот регион е скоро цел со лозови насади и вода за наводнување не може да се обезбеди во огромни количини, велат од здружението.

Информираат и дека поради сушата, родот некаде е целосно уништен, а некаде е десеткуван.

- Згора на тоа, винариите организирано настапуваат и тоа што остана од родот сакаат да го земат што е можно за пониски цени. Винариите оваа година знаат дека грозјето кое останало од сушата е со повисока шеќерност, тие сега ги условуваат лозарите и бараат многу повисока шеќерност за помали цени, иако нема доволно винско грозје. „Вранецот” одамна ја има надминато технолошката зрелост за берба, сред берба винариите ја зголемуваат минималната шеќерност и го враќаат грозјето кое е под 21 шеќерна единица, а за дадат белешка за берба бараат минимум 23 шеќерни единици. Тоа се апсурди, кога се знае дека „вранец” во технолошката зрелост нормално има 18-19 шеќерни единици, а „смедеревка” 16-17 шеќерни единици. Винариите овие денови го прекинаа откупот и чекаат Владата да субвенционира како минатата година и тие ако може да го земат грозјето по многу пониски цени, нагласија од „Напредни лозари”.

Овој застој, според нив, најмалку им одговара на лозарите.

– На ова топло време грозјето секојдневно губи многу, а се очекуваат и врнежи па преостанатото грозје ќе остане на нивите. Се надеваме дека ќе бидат удоволени нашите барања за доброто на лозарите, сите граѓани на Тиквешкиот регион и државата. Секоја друга опција, штрајкови, копачења на лозјата, ќе бидат штетни за сите, децидни се од здружението на лозарите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе