УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

ЛШ 21/22: Кои се најголемите фаворити?

Вечерва почнува 67. сезона во најквалитетното клупско натпреварување на Стариот континент, а како и секогаш, некои клубови се во потесниот круг за освојување на ушестиот пехар.

Со натпреварите Севиља - Салцбург и Јанг Бојс - Манчестер Јунајтед, закажани за 18:45, ќе биде означен почетокот на новата сезона на Лигата на шампионите во која бранител на тронот е Челси.

Реномираниот фудбалски сајт Goal ги рангираше сите 32 учесника сезонава, од најголем фаворит до најголем аутсајдер. Ова е нивната листа:

1. Пари Сен-Жермен

Точно е дека сѐ уште многумина се сомневаат во балансот кој оваа екипа може да го направи меѓу многуте ѕвезди во составот, но дефинитивно кога ќе се погледне нивниот тим не може а да не се сметаат за први фаворити. Со напад составен од Лео Меси, Нејмар и Килјан Мбапе, јасно е зошто Французите се надеваат дека конечно ќе ја освојат својата прва титула во Лигата на шампиони.

2. Манчестер Сити

Дали конечно оваа сезона ќе биде во знакот на „Граѓаните“? Ајде да видиме. Лани им недостасуваше последниот чекор, па составот на Пеп Гуардиола сезонава има повеќе искуство од било кога, има силен тим, има своја препознатлива игра и токму затоа е повторно меѓу апсолутните фаворити.

3. Челси

Тешко е двапати по ред да се освои Лигата на шампионите, но Челси се чини дека летово пазареше одлично и сега има уште посилен тим од оној кој лани ја освои титулата, на изненадување на многумина. Со голгетерот Ромелу Лукаку кој дојде од Интер, Челси повторно може до титулата.

4. Баерн

Секогаш силниот Баерн е тешко да се отпише, дури и кога има други клубови кои на прв поглед изгледаат како далеку посилни. Со одличниот стратег Јулиан Нагелсман на клупата, и најдобриот играч на минатата сезона Роберт Левандовски, клубот од Минхен со право се надева на нова титула после онаа во 2020 година.

5. Ливерпул

Со навивачите назад на трибините на „Енфилд“, Ливерпул повторно го има ветерот во грб кој и тоа како му недостасуваше. Разиграна екипа предводена од мајсторот Јирген Клоп која единствено ќе мора да поработи на одбраната.

6. Реал Мадрид

Гледајќи го составот се чини дека „Кралевите“ се уште послаби од лани, а особено од оној состав кој коследен пат ја освои ЛШ пред три години. Но, Карим Бензена нема намера да запре со одличната форма, а засилувањата како Дејвид Алаба и Едуардо Камавинга му даваат гориво на составот на Карло Анчелоти.

7. Атлетико

Фаворитот број еден за титулата во Ла Лига летово го врати Антоан Гризман кој со Луис Суарес во нападот формира убиствено дуо. На Атлетико во ЛШ одамна не му оди добро, па време е тоа да се промени и составот на Диего Симеоне конечно да го крене пехарот по оние две несреќни финалиња од 2016 и 2014.

8. Манчестер Јунајтед

Да не беше огромното засилување Кристијано Ронално, „Црвените ѓаволи“ ќе беа сместени некаде околу 20-тата позиција на листата на фаворити. Но, сето тоа се смени преку ноќ, а Португалецот веднаш почна да потсетува на старите добри времиња.

9. Борусија

Клуб кој многу повеќе ги разочарува своите навивачи отколку што тие се надеваат, но кога имате гол-машина во нападот како Викингот Ерлинг Холанд, тогаш имате право да се надевате на долг престој во Лигата на шампионите.

10. Јувентус

Веројатно најголемата грешка на Goal е вметнувањето на килавиот Јувентус во првите десет. Да, се врати Масимилиано Алегри на клупата, но ако по утрото денот се познава, а Јуве во Серија А почна со реми кај Удинезе и порази од Емполи и Наполи, тогаш треба ли да се надева на нешто покрај сите овие великани? Згора на тоа им замина најдобриот, Кристијано Роналдо.

Понатаму на листата следуваат:

11. Барселона
12. Интер
13. Севиља
14. Милан
15. Аталанта
16. Лајпциг
17. Ајакс
18. Виљареал
19. Волфсбург
20. Салцбург
21. Спортинг
22. Шахтар
23. Бенфика
24. Лил
25. Зенит
26. Бешикташ
27. Порто
28. Динамо
29. Јанг Бојс
30. Малме
31. Бриж
32. Шериф

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе