ЛШ: Баерн, Манчестер Сити, Јувентус и Јунајтед се пласираа во осмина финале

По синоќешните натпревари од петтото коло, познати се уште четворица учесници во осмина финалето на Лигата на шампиони.

Баерн, Манчестер Сити, Јувентус и Манчестер Јунајтед им се придружуваат на Барселона, Рома, Реал Мадрид и на Ајакс во завршницата од елитното европско клупско натпреварување.

Баерн во групата Е ја совлада Бенфика со 5:1 и му се придружи на Ајакс кој денес го совлада АЕК во гости со 2:0. По два погодоци за Баварците постигнаа Арјен Робен и Роберт Левандовски, а еден гол даде Франк Рибери. Првиот погодок на Робен беше вистинско ремек-дело. Холанѓанецот во свој стил помина четворица играчи и го погоди спротивниот агол од десната страна во 13-тата минута. По половина час игра заби по втор пат, а потоа Полјакот зголеми на 3:0. Почесниот гол за гостите го постигна Жедсон Фернандес во 46. минута, а Рибери во 77-та погоди за конечни 5:1.

Во групата F Манчестер Сити освои бод кај Лион со резултат од 2:2 што му овозможи да продолжи понатаму. Лион подобро играше во поголемиот дел од мечот, но голот на Серхио Агуеро за „граѓаните“ во 83-тата минута беше решавачки.

Јувентус ја совлада Валенсија на домашен терен со 1:0 со голот на Марио Манџукиќ во 59-тата минута, на одлична асистенција на Кристијано Роналдо.

Манчестер Јунајтед се спаси од уште една „бламажа“ благодарение на Маруан Фелаини кој во 91. минута заби гол за славење против Јанг Бојс пред домашните навивачи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе