ЛШ финале 2018: Давид против Голијат

Вечерва со почеток од 20:45 ќе започне финалето во фудбалската Лига на шампиони, каде силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Ливерпул. Двата тима сосем заслужено дојдоа до овој момент, но само еден ќе отпатува дома со трофејот.

Реал Мадрид и Ливерпул вечерва добиваат една шанса да докажат зошто го заслужуваат најелитниот трофеј во клупскиот фудбал. Една шанса да се биде или не. Една шанса да се испише историја.

Јасно е дека во овој натпревар има еден јасен фаворит – Реал Мадрид. Европскиот великан се наоѓа во пеколна европска форма во последните неколку години и освои три од последните четири трофеи во ЛШ, од кои две последователни минатата и предминатата година. Најдобриот играч на теренот е во нивниот состав и тие имаат докажан рецепт за успех.

Но, тука е Ливерпул, тимот кој е во залет цела сезона. Тие се спремаа за ова финале уште од крајот на минатата сезона, кога се пласираа во Топ 4 во Премиер лигата и добија шанса за настап во ЛШ. Јирген Клоп создаде една група од играчи кои иако нема да ве воодушеви со талентот, ќе ве изненади со тоа колку добро се физички подготвени, колку многу трчаат и колку внимание обрнуваат на нападот.

Пред нас е еден натпревар во кој се сретнуваат Давид и Голијат. Големиот европски шампион, веројатно најголемиот клуб во фудбалската историја оди на мегдан против поранешен великан кој пробува да го врати големото име на фудбалската сцена. А во такви моменти секое сценарио е возможно. На хартија, Реал Мадрид би требало лесно да излезе на крај со Ливерпул, не давајќи му да ја допре топката во средината на теренот и совладувајќи го со насобраното искуство од големите натпревари. Но, Ливерпул е тим кој не се откажува, без разлика колкава пречка се наоѓа пред нив. Верувам дека вечерва ќе гледаме натпревар во кој двата тима ќе играат отворено, онака како што знаат во текот на целата сезона.

Најверојатното сценарио е дека ова финале ќе го реши некој индивидуален потег, а ако бараме таков, тогаш мора да се свртиме кон најдобрите играчи на теренот. Кристијано Роналдо, Мохамед Салах, Тони Крос, Роберто Фирмино, Серхио Рамос...секој од нив повеќе од способен да покаже дека големата сцена е местото каде тој припаѓа.

Фудбалскиот свет сака да рече дека Јирген Клоп е „потценет“ додека Зинедин Зидан е „преценет“, но успесите кажуваат нешто друго. Откако Зидан дојде на клупата на Реал Мадрид освои една Ла Лига, два трофеи во ЛШ и двапати беше најдобар на Светското клупско првенство. Покрај тоа, уште нема изгубено во финале. За истиот тој период бројот на титули на резимето на Клоп е 0. Тоа не значи дека Јирген Клоп не знае да победува. Тој ја сруши доминацијата на Баерн Минхен во германската лига и стигна до финале во ЛШ со Борусија Дортмунд, каде за жал изгуби токму од баварскиот тим.

Вечерва хероите ќе излезат на виделина. Фудбалскиот свет од утре повеќе нема да биде ист, без разлика на исходот. Доколку победи Реал Мадрид, тоа ќе биде историска трета по ред титула за еден од најдоминантните состави кои ги имаме видено во модерниот фудбал. Доколку пак, трофејот го освои Ливерпул, тоа ќе биде нова страница во европскиот фудбал и рушење на доминацијата на Реал Мадрид.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе