Фудбал

ЛШ повторно се враќа: Јуве против расположениот Тотенхем, Базел го пречекува Сити

13. февруари 2018 - 13:36 | М.Д.

Омиленото европско фудбалско клупско натпреварување, Лигата на шампионите, се враќа на малите екрани. Најсилното клупско фудбалско натпреварување влегува во завршната фаза на уште една возбудлива сезона, а честа да го отворат осминафиналето ќе ја имаат екипите на Јувентус и Тотенхем во Торино, односно Базел и Манчестер Сити во Базел.

Ако судиме според натпреварите кои ги гледавме во групната фаза, тогаш нокаут фазата од ЛШ би требало да донесе многу моменти за паметење, а веројатно и нови рекорди.

По крај на групната фаза, еден податок можеше да ги направи среќни сите навивачи, а тоа е дека во вкупно 96 натпревари досега видовме дури 306 погодоци, што е рекорд во групната фаза од ова натпреварување. Претходниот рекорд изнесуваше 202 гола во сезоната 1999/2000 година.

Италијанскиот великан или расположените „Петли“

Ждребот за осминафиналето ни донесе неколку интересни натпревари, а меѓу нив е и денешното дерби меѓу екипите на Јувентус и Тотенхем.

Мотивите за победа и кај двата тима се јасни, а посебно интересно ќе биде да се види пристапот на Тотенхем во овој натпревар, бидејќи ова е прв меч од нокаут фазата од Лигата на шампионите за лондонската екипа под водство на Маурисио Покетино.

Значи, Хари Кејн, Дели Али, Кристијан Ериксен и останатите членови на дружината за прв пат ќе заиграт во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Јувентус го има искуството потребно за ова натпреварување и знае како да игра против англиски екипи, но проблем за „Старата дама“ може да биде тоа што вечерва нема да може да сметаат на повредените Дибала, Барзаљи, Куардадо, Матуиди и Лихштајнер.

Како и да е сигурно е дека не очекуваат два возбудливи натпревари.

Незапирливиот Манчестер Сити против аутсајдерот Базел

Иако Базел има искуство во ова натпреварување, сепак дефинитивно можеме да ги карактеризираме како екипа, која против сите можни противници во осминафиналето би била аутсајдер.

Против Сити секако е апсолутен аутсајдер и се освен поминување во следната рунда за тимот кој се „шета“ во Премиер лигата, би било огромна сензација.

Швајцарскиот тим веќе направи голем успех со самиот пласман во нокаут фазата, па иако е сигурно дека нема да се предадат, сепак свесни се дека ова за нив веќе е големо достигнување.

Од Сити не се очекува ништо друго освен сигурно победа, па останува да видиме како тимот на Гвардиола ќе го одигра овој натпревар.

Коментирај