Кошарка

ЛШ: Вардар почнува со гостување кај Монпелје на 14 септември

26. јули 2019 - 13:49 | МИА
Виена, 26 јули 2019 (МИА) – Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините и саатниците за првите 10 кола од групите во ракометната Лига на шампионите.

Вардар сезоната ја почнува со гостување во Франција кај Монпелје на 14 септември, а 10. коло ќе го одигра дома со Веспрем на 1 декмеври.

Вкупно ќе има 14 кола, а другите 4 кола ќе се одиграат откако ќе заврши ЕП во јануари 2020 година.

Вардар е во група со Веспрем, Мотор Запорожје, Кјелце, Порто, Кил, Монпелје и Мешков.

Распоред:

1 коло – 14 септември (17:15 часот)
Монпелје – Вардар

2 коло – 22 септември (17 часот)
Вардар – Порто

3 коло – 29 септмеври (18 часот – локално време)
Мотор – Вардар

4 коло – 12 октомври (17:15 часот)
Вардар – Кил

5 коло – 19 октомври (17:15)
Веспрем – Вардар

6 коло 3 ноември (19 часот)
Вардар – Мешков

7 коло – 9 ноември (17:30)
Вардар – Кјелце

8 коло – 13/17 ноември
Кјелце – Вардар

9 коло – 23 ноември (18 ч. – локално време)
Мешков – Вардар

10 коло – 1 декември (17 ч.)
Вардар – Веспрем.

Коментирај