Љубов преку граница во време на пандемија
Швајцарија и Германија јасно ги оцртаа границите откако почна пандемијата на коронавирус. Огради, бетонски препреки и ленти на граничната полиција покажуваат до каде може да одат граѓаните на Германија, односно Швајцарија, како дел од рестрикциите воведени за заштита од COVID-19.
Но, на љубовта не може да ѝ ставите граници, препреки и катанци.
Роланд и Сабрина не можат да бидат во иста земја во изминативе шест недели откако беа затворени границите и наоѓаат алтернативни начини како да поминуваат време заедно.
Нивната судбина ја споделуваат многу двојки, семејства и пријатели кои пандемијата ги стави на различни страни на границата.
The Guardian ги пренесува овие необични приказни преку фотосторија.