Љубов во време на корона: Дали би излегле на прв состанок во пандемија?

Пандемијата целосно го смени начинот на кој живееме, а особено се одрази на социјалниот живот на луѓето кои се сингл.

Шефот на Tinder вели дека коронавирусот имал „драматичен“ ефект на начинот на кој луѓето ја користат дигиталната апликација за запознавање партнер, макар што промените може позитивно да се одразат на плановите кои тој ги имал за популарната платформа.

Пандемијата и карантинските услови што произлегоа од неа различно се одразија на онлајн платформите за запознавање и забавување, како Tinder, вели извршниот директор Ели Сајдман. Од една страна, има поголема активност на корисниците, тренд што го потврдија и други слични апликации.

Корисниците на Tinder направиле 3 милијарди „swipes“ на светско ниво на 29 март, кога била регистрирана рекордна активност на апликацијата на дневно ниво.

Сајдман вели дека има драматична промена во метричките податоци за активноста кои во нормални услови се стабилни. Сепак, економските последици од пандемијата се одразија во помала потрошувачка. Тоа не е добра вест за Tinder, апликација што е бесплатна, но профитот ѝ зависи од премиум претплатите.

Од лансирањето во 2012 година, Tinder била симната над 340 милиони пати. Најголемиот дел од приходите доаѓа од само 6 милиони корисници кои плаќаат премиум услуга од апликацијата. Како што се влошуваше пандемијата, бројот на овие претплати опаѓаше поради намалената платежна моќ на корисниците.

Сепак, Tinder и апликациите слични на неа се користат за да се запознае потенцијален партнер со кој потоа би се сретнале во живо, за да видите дали има вистинска хемија меѓу вас, без разлика дали станува збор за краток флерт, секс за една вечер или сериозна врска.

Тука веќе сериозно се чувствуваат предизвиците со кои се соочуваат сингл луѓето. Кафулињата, рестораните, диско клубовите, кината и театрите не работат, па каде воопшто ќе одите на дејт?

Дури и да се отворат, следува уште поголемото прашање: Дали би се осмелиле да излезете на прв состанок среде пандемија, кога императив на социјалниот живот е физичката дистанца дури и со најблиските, па не со странец?

Предноста на луѓето е тоа што како вид сме прилагодливи на промените и токму затоа ќе најдеме начин на кој ќе го одржиме социјалниот живот без да го жртвуваме ни во најмал дел психичкото здравје и мир.

Експертите имаат интересни видувања. Од една страна, сметаат дека оваа досега невидена ситуација ќе даде уникатна можност да се формираат и изградат врски без големо влијание од околината. Од друга страна, одржувањето на врската онлајн и со малку физички контакт може да се покаже како голем предизвик, особено бидејќи не знаеме колку долго ќе важат мерките за заштита и како ќе функционираме воопшто.

Некои експерти очекуваат дека во светот по пандемијата ќе има помалку кратки врски и необврзни секс авантури, а повеќе сериозни и долгорочни врски.

реклама

Ја избричи брадата по 10 години и ја шокираше сопругата

Read more

Девет милиони лајкови за новиот имиџ на Роналдо

Read more

Ова беа најгледаните серии на Netflix за време на карантинот

Read more

На кои плажи во Бугарија ќе добиете бесплатни лежалки и чадори за сонце летово?

Read more

Љубов и секс

Хороскопски знаци во кои се родени мажите со најтежок карактер

Read more

Седум знаци во почетокот на врската кои не треба да ги игнорирате

Read more

Љубов во време на корона: Дали би излегле на прв состанок во пандемија?

Read more

Сексуалните навики на среќните партнери

Read more

Магазин

  • play_arrow

Њујорчани, претеравте!

Читај повеќе

Совршена орео торта од 4 состојки

Читај повеќе

Секс во време на корона: Борделите со препораки за пози со помал ризик од зараза

Читај повеќе
  • play_arrow

Лесни вежби за истегнување на телото

Читај повеќе

Тетовчанката Мелиса го победи COVID-19: Не знае како се зарази, но не дозволи да го пренесе вирусот на некој друг

Читај повеќе

На кои плажи во Бугарија ќе добиете бесплатни лежалки и чадори за сонце летово?

Читај повеќе
  • filter

Девет милиони лајкови за новиот имиџ на Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја избричи брадата по 10 години и ја шокираше сопругата

Читај повеќе

Џ.К. Роулинг најави нова книга за деца

Читај повеќе