Љубовен хороскоп: Кој знак најмногу изневерува и зошто?

Неверството во една врска може да ја урне довербата, која најтешко се гради. Кој од хороскопските знаци е најмногу расположен за неверство и зошто?

Листата почнува од најверните до најмалку верните хороскопски знаци.

12. Рак

Раковите сериозно ги сфаќаат врските, за нив е важно да ја пронајдат нивната сродна душа и воопшто не помислуваат на некој друг.

11. Скорпија

Кога ќе се препушти на љубовта, многу е верна како партнер. За неа довербата е сè, па ако ја повредите или изневерите, нема да мисли двапати за да ви се одмазди.

Скорпијата е верна колку и нејзиниот партнер.

10. Јарец

Уште еден од верните знаци, Јарецот ако се посвети на врската тоа го планира за цел живот да биде. Ако во врската има проблеми ќе работи на нивно решавање. Но, ако вистински не е среќен ќе почне да бара нешто ново.

9. Девица

Имаат за сè висок стандард па дури и за партнери. Девицата е практичар и ретко ќе си дозволи епизода на срам и ужас, ако биде фатена во неверство.

8. Бик

Спаѓа во љубоморни знаци и постои шанса да се сомнева во верноста на партнерот, дури и кога сè е во ред. Ако тие сомнежи предизвикаат погрешно уверување дека нешто не е во ред, Бикот би можел да го изневери партнерот.

7. Лав

Додека го добива потребното внимание Лавот ќе има сè во врската. Но, ако се почувствува занемарен или навреден, ќе ја преиспита својата посветеност на врската.

6. Риби

Изневерената Риба е во состојба да прости неверство и да ви даде уште една шанса. Рибите сакаат да флертуваат и почесто се впуштаат во емотивни неверства отколку во сексуални.

5. Вага

Вагата сака да биде верна, ама тешко ѝ оди од рака. Понекогаш ѝ е досадно во среќна врска и умее да си ја уништи среќата со неверство.

4. Овен

Не важи баш многу за верен знак, многу му е важно да не му биде досадно и секогаш да има доволно акција. Ако не чувствува возбуда во моменталната врска ќе ја побара возбудата на друго место.

3. Близнаци

Сфаќаат што е верност, ама тешко ја применуваат. Постојано го менуваат мислењето, во еден момент се вљубени до уши, а во следниот бегаат. Не е реткост Близнаците да изневеруваат, а партнерот тоа да го дознае месеци или години подоцна.

2. Стрелец

Ако се посветат на врската даваат сè од себе да бидат верни. Многу се искрени и не сакаат некој да ги скроти, па имаат проблеми со верноста.

1. Водолија

Ако нешто мразат, тоа е да ги прават работите на традиционален начин. Водолиите сакаат да експериментираат, да запознаваат нови луѓе, возбудлива динамика на животот. Верноста ја сфаќаат како наметната вредност и затоа даваат отпор, бидејќи сакаат нови искуства и слобода, за жал на штета на нивната врска.

реклама

Пандемијата ќе биде под контрола за четири до осум недели ако сите почнат да носат маска  - веднаш

Read more

Низ фотографии: Мелбурн под целосен карантин

Read more

Kривична против градоначалникот на Боговиње за „несовесно работење во службата“

Read more

Шест трикови како да научите да читате говор на тело

Read more

Љубов и секс

Пет работи што мажот ги прави за време на секс, а кои покажуваат дека те сака

Read more

Колку би требало да трае сексуалниот однос?

Read more

Три хороскопски знаци кои најлесно простуваат неверство

Read more

Три хороскопски знаци кои не поднесуваат апстиненција

Read more

Магазин

Пандемијата ќе биде под контрола за четири до осум недели ако сите почнат да носат маска  - веднаш

Читај повеќе
  • play_arrow

Шест трикови како да научите да читате говор на тело

Читај повеќе

Врло веома добро познавате падежима

Читај повеќе

Тим лекари на Кардиологија спасија повреден во сообраќајка со стентирање кое за првпат се изведува кај нас

Читај повеќе

Интересни факти за бебињата родени во август

Читај повеќе
  • play_arrow

Анти-корона меур - бизарен дизајн на заштитен шлем

Читај повеќе

И оние кои не биле заразени со коронавирус можат да развијат имунитет

Читај повеќе

Танзаниски рудар пронајде скапоцен камен и по вторпат заработи милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Што треба да пиете ако сте го почнале процесот на слабеење?

Читај повеќе