Кога природата повторно ќе се разбуди и ќе се раззелени, овие хороскопски знаци ќе најдат среќа во љубовта.

Луѓето родени во овој знак ќе имаат најголема среќа во љубовта оваа пролет, повеќе од сите други знаци на Зодијакот. На самиот почеток на најромантичното време од годината, нивната романса ќе цвета.
Можно е тие да станат блиски со некој што веќе го сакаат или ќе добијат шанса да ја обноват својата стара љубов. Добрата вест ги чека на 11 април и тие би можеле да се зближат со личност родена во знакот Бик, Рак, Скорпија или Јарец.
Врската со луѓето родени во овие знаци може да им ја донесе длабоката љубов што ја бараат, па дури и посветеност и сигурност, а токму тоа им треба на Рибите за да ја покажат својата најдобра страна.
Во потрага по сродна душа, тие ќе бидат привлечени од многу водни знаци затоа што се слични, добро се сложуваат и се привлекуваат едни со други, но тоа не значи дека можат да имаат хармоничен љубовен и семеен однос со нив. Тоа треба да се има предвид.
Рибите кои веќе се во врска, ќе ја зајакнат врската со партнерот, а можна е и венчавка.
Ова се индивидуалци кои се многу посветени на семејството. Тие веќе сонуваат за своето мало семејно гнездо, а доаѓањето на пролетта може да им го овозможи токму тоа.
Јарците кои се сами веројатно ќе сретнат некој со кого ќе сакаат да останат заедно до крајот на животот, а оние кои се во врска сега, ќе почувствуваат дека врската станува посилна и посериозна.
Можно е дека претходно сметале дека не можат добро да се поврзат со нивниот партнер, но тоа треба да се промени наскоро. Љубовниот живот ќе се движи во поинаква, подобра насока.
Со доаѓањето на пролетта, некои припадници на овој знак би можеле да започнат да живеат со нивниот сегашен партнер, а можно е и да заминат да живеат заедно во странство.
Самците родени во овој знак ќе почувствуваат пеперутки во стомакот во првите денови на пролетта, но сепак треба да внимаваат да не се фрлат во прегратките на првата што ќе се приближи и ќе го привлече нивното внимание. За нив е важно да бидат трпеливи и да ја чекаат својата сродна душа, и кога ќе дојдат, тие ќе го почувствуваат тоа.
Совршен партнер за нив би можело да биде личност родена во знакот Бик, Девица, Скорпија и Риби. Имено, тие ги делат истите животни идеали со Бикот и Девицата, додека Скорпиите ќе ја ценат нивната амбиција, емоционална стабилност и сериозност во решавањето на проблемите.
За Рибите, Јарецот е пример што вреди да се следи, а со луѓето родени во тој знак имаат најголеми шанси за вистинска, вечна љубов.
После тешкиот период, особено во љубовта, луѓето родени во знакот на Вага конечно ќе дојдат на свој терен. Мирот и спокојството се насмевнуваат на нивниот љубовен план. Лесно ќе најдат сродна душа, за разлика од досегашните залудни обиди.
Оваа пролет, родените во овој знак ќе сретнат некој со кого ќе сакаат да остарат заедно. Страста со таа личност ќе биде огромна.
Оние кои веќе се во врска ќе станат уште посреќни со својот партнер и голема е шансата да ја крунисаат својата врска со брак. Сепак, некои врски нема да преживеат, и тоа оние што и претходно не функционираа, но тоа е добро затоа што се отвораат некои нови врати.